Капацитетот на студентскиот дом ќе изнесува 300 легла, а потребниот кадар, опрема и други услови за работа на државниот студентски дом „Тетово“ се предвидени согласно со нормативите и стандардите за опрема, простор и кадар за студентските домови.
Целта на основањето на студентскиот дом во Тетово, според образложението од ресорното министерство, е остварување на интересите и потребите за престој на студентите кои студираат надвор од местото на живеење.
Владата реши да гради нов студентски дом во Тетово
Објавено на
часот