На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се разговарало за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори, како и состојбата со платите и тенденцијата тие да растат согласно реалните можности на економијата.
„Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати. Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат одржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки“, истакнал премиерот Мицкоски.