Андоновски појасни дека поголемиот дел од недоследностите се во фирми кои се блиски на оската СДСМ-ДУИ кои изминативе години го “ограбија” државниот буџет.
“Кај дел од фирмите кои добиле средства имате извештај, кај дел немате. Постојат и фирми кои добиле финансии од фондот за лепење на плакати на такси возила. Имате и примери каде што постои фирма отворена само за оглас од ФИТР, но по завршување на огласот и добивање на проектот, фирмата не ја испорачува својата обврска, и понатаму ја снемува или згаснува.” , потенцираше Андоновски во гостувањето на ТВ21.
Тој дополни и дека постојат основани сомненија за злоупотреба на Фондот за иновации во периодот на ковид кризата кој финансирал определени приватни здравствени установи додека државните се соочуваа со здравствената криза.