Инаку, Фатон Ахмети денеска ја поднесе оставката на функцијата во Фондот, притоа освен што кажа дека се посветува на партиски задачи во ДУИ, не изнесе евентуално можни други причини. Тој преку Фејсбук објави:
„Ве известувам дека денеска поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова функција.
Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети“.
Инаку, Фондот за здравствено осигурување од поодамна функционира со двајца директори, едниот поставен од владејачката партија, другиот од нејзиниот коалициски партнер од политичкиот блок на Албанците. Директор на Фондот е Магдалена Филиповска Грашкоска која до денеска функцијата ја делеше со Фатон Ахмети.