Со оваа одлука е продолжена веќе започната постапка за набавка на преносливи системи за противоклопна борба, наменети за пешадијата од составот на лесната пешадиска баталјонска група. А, одлуката е во насока на определбата за Министерството за одбрана за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО и во тие рамки опремување на лесната пешадиска баталјонска група со современа борбена техника, односно лесни оклопни возила на тркала, што како проект е предвидено да се реализира во периодот од 2019 – 2027 година, соопшти Владата на Македонија.
Владата ги продолжува набавките на преносните системи за противоклопна борба „џавелин“ од САД
Владата на вчерашната седница ја усвои и информација од Министерството за одбрана за потребата од доделување на договор влада со влада, за набавка на преносливи системи за противоклопна борба, со склучување на договор помеѓу Владата на Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави. Утврден е текст на амандман кон Писмото за понуда и прифаќање (Amendment 1 to Letter of Offer and Acceptance ) MK-B-UCF JAVELIN – JLTV, помеѓу двете влади.
Објавено на
часот