вторник, 15 октомври 2024

Визер скопски маратон, посебен сообраќаен режим во главниот град

Денеска во Скопје се одржува Визерр скопскиот маратон и во периодот од 4 до 15 часот, низ скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај. Организаторите на Визер скопскиот маратон упатуваат апел до сите граѓани да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај.

Објавено на

часот

Сподели

Затворени за сообраќај ќе бидат улиците Димитрие Чуповски, дел од булеварот Климент Охридски, улицата Свети Кирил и Методиј, улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, улицата Васил Чакаларов, улицата 11 Октомври, дел од булеварот Крушевска Република, улицата Есенинова, Трета Македонска Бригада, булевар Србија (десната коловозна лента од семафорите со раскрсницата булевар Јане Сандански до семафорите кај Крстот), дел од булеварот Јане Сандански (едната коловозна лента од семафорите кај Мајчин Дом до семафорите со булевар Србија).
На најголемата спортска манифестација во Македонија, Визер скопски маратон 2023 ќе има повеќе од 11.000 учесници.

Организаторите апелираат до сите тркачи добро да се информираат од која страна да пристапат во недела на стартната линија, затоа што ќе има разминувачки старт.  

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ