На сцената заедно со Џон Илија Апелгрен ќе биде и Националниот џез оркестар. Програмата ќе биде составена од некои од најпознатите хитови на Френк Синатра, адаптирани за изведба со биг бенд состав.
Концертот ќе се одржи во салата на Националната опера и балет, со почеток од 20 часот.
Поддршката на Виталиа на овој настан ја истакнува посветеноста на компанијата кон збогатување на благосостојбата на нашата заедница преку моќта на музиката, љубовта и здравјето.