„Израелскиот напад уби висок безбедносен функционер на Хамас во кампот Аин ел Хелоу додека бил во своето возило кај градот Сидон“, кажал изворот, кој побарал да остане анонимен.
Дописникот на Франс прес видел спасувачи како го отстрануваат јагленисаното тело од возилото и војници како го изолираат подрачјето на нападот јужно од Сидон, во близина на Аин ел Хелоу, најголемиот од 12 официјални палестински бегалски кампови.
Во изминатите десет месеци, Израел повеќе пати гаѓа функционери на палестинското исламистичко движење Хамас на територијата на Либан.