Секоја карневалска група со своја приказна, секоја убава на свој начин. Традиционалниот карневал и оваа година има над 500 учесници во 31 карневалска поставка, велат организаторите.
Карневалџиите продефилираа низ улиците на Кавадарци, а кралот и кралицата заедно со градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет на општина Кавадарци Стојанчо Рамов и дел од гостите, симбилично го откинаа првиот грозд.
За многу години, рекоа тие и организаторите на настанот.
Традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација има долга традиција, годинава се одржува овие три дена, на агендата се бројни настани и се очекуваат гости од земјава и странство.
Пред официјалното отворање на карневалот градоначалникот Митко Јанчев во Винскиот музеј Кавадарци организираше прием на гости и делегации.