понеделник, 7 октомври 2024

„Винора“ ќе го одржува компресорскиот систем на хируршките клиники

Министерството за здравство ja одбра компанија „Винора“ ДООЕЛ од Скопје која ќе го поставува компресорскиот систем на хируршките клиники во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за здравство информира дека е донесена одлука за избор на најповолна понуда. Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од 4 (четири) месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот оглас“, се вели во соопштението од МЗ.

„Винора“ ДООЕЛ е позната како фирма која се занимава со продажба на високо квалитетна медицинска опрема, а воедно го покрива и нејзиното сервисирање. Фирмата се занимава и со монтажа на медицински технички гасови, системи за снабдување со медицински гасови и вакуум во здравствените институции.

Хируршките сали на Клинички центар ќе почнат нормално да функциониораат дури идната година, изјави вчера министерот за здравство Арбен Таравари. Како што кажа вчера Таравари, во хируршките сали веќе не се чувствувал мирис. „Ова ми го велат колегите што работат таму. Хируршките сали функционираат добро генерално на сите клиники. Постојат неофицијални информации дека во операционите сали е пронајдена мала концентрација на формалдехид“, изјави Таравари вчера.

Централниот систем за кислород и компримиран воздух во хируршките сали во Клиничкиот центар е надвор од функција од 18 мај поради непријатниот мирис што се ширел од него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ