Материјалот за саемската презентација (синопсис и подолг пробен превод) го подготви литературниот преведувач Вил Фирт, кој е познат со преводите од македонски на англиски и на германски јазик на дела на Александар Прокопиев, Јордан Плевнеш, Димитар Башевски, Иван Додвски… Фирт го превел и романот „Пиреј” на Петре М. Андреевски (Pollitecon Publications, Сиднеј, 2009).
„Меѓутоа, токму синот на писателот, уметникот Сергеј Андреевски, самоволно ја блокира намерата: не го прифаќа преведувачот, одбива да образложи зошто, а одбива дури и да предложи друг преведувач. Главно молчи. Поради ваква тврдоглавост веројатно ќе пропадне уникатна прилика да се претстави овој брилијантен роман на Петре М. Андрееевски на еден од најголемите светски саеми. Сосема е можно дека агенцијата ќе изгуби интерес за македонската литература воопшто, а факт е дека нема многу агенти надвор од земјата кои самоиницијативно се занимаваат со тоа. Ова недостојно однесување на Сергеј Андреевски е на штета само на македонската култура. Во Македонија очигледно не постои или не функционира агенција за книга која би можела да посредува во вакви случаи, за да се најде разумно решение“, вели Фирт.