„Во овој контекст, со цел унапредување на процесот, ние сме подготвени на блиска соработка со новата Комисија, како и со Унгарија како актуелен претседавач со ЕУ и со Полска која треба да го преземе претседавањето со ЕУ во следната година“, додаде Трајков.
„Регионалната соработка е клучен фактор за успех и затоа како Влада најважен ни е меѓусоседскиот дијалог помеѓу сите наши земји. Ќе направиме се, да бидеме добри соседи, но очекуваме на тој пат и нашите соседи да ни возвратат со ист пристап- реципроцитет и разбирање. Регионалната соработка е суштински дел од процесот за стабилизација и асоцијација, започнат во 2000 година, а останува клучна и за понатамошно унапредување на пристапниот процес. Второто име на процесот на интеграција е соработка која претставува една страна на истата паричка -регионалната соработка и проширувањето”, рече Трајков.
Форумот е организиран од Фондацијата Институт за источни студии во партнерство со Институт Охрид од Македонија и претставува најголемата конференција во Централна и Источна Европа. Овој форум, повеќе од 30 години привлекува политички, економски и социјални лидери од целиот свет.
Овогодинешното 33. издание на Економскиот форум се одржува од 3 до 5 септември во Карпач под темата: „Време на нови лидери – Заедничко обликување на иднината“.