среда, 6 ноември 2024

Викендов нема да работат продавниците на Телеком

За време на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври, продавниците на Македонски телеком низ цела Македонија нема да работат. Се работи на имплементирање на нова ИТ платформа којашто ќе го подобри оперативното работење за подобро  корисничко искуство.

Објавено на

часот

Сподели

Дополнително, викендов нема да биде во функција ниту онлајн продавницата на Телеком поради истата надградба. Од понеделник, 7 октомври, сите продажни канали ќе бидат повторно достапни.

Целта на креирањето на новата иновативна ИТ платформа е унапредување на секојдневните деловни процеси, зголемување на продуктивноста на вработените, како и поефикасно опслужување на корисниците, соопшти Македонски Телеком.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ