вторник, 3 декември 2024

Викендов исчистени десетина диви депонии во неколку општини во Скопје

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје викендов исчистиле десетина диви депонии во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Карпош.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира „Комунална хигиена“ Скопје, екипите чистеле на улица Самоилова во општина Чаир, каде во непосредна близина на Музејот на современа уметност се подигнати приближно 15 кубни метри градежен отпад одложен на сообраќајна површина.

Во општината Центар се расчистени вкупно 10 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на неколку локации долж улицата Орце Николов.

На улицата Февруарски поход во скопската општина Аеродром се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен органски отпад, додека на булеварот „Партизански одреди“ кај Порта Влае и на улицата Московска во општината Карпош отстранети се 20 кубни метри кабаст отпад одложен на јавни површини.

Екипитете на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје расчистиле и обемна дива депонија лоцирана на улицата Димо Хаџи Димов Иво скопската општина Кисела Вода, каде се подигнати и транспортирани 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ