среда, 16 октомври 2024

Видевски, обвинетиот во случајот со убиството на малолетната Вања, во сериозна здравствена состојба е на Клиниката за нефрологија

Во сериозна здравствена состојба викендов во Клиниката за нефрологоја во Скопје е префрлен Боре Видевски, еден од обвинетите за учество во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Од Кривичниот суд ја потврдија оваа информација и додадоа дека ги чекаат официјалните информации од лекарите. Наредното судење во овој случај е закажано за 7 октомври.

Објавено на

часот

Сподели

Видевски имал трансплатиран бубрег, а денеска му била извршена итна дијализа, но состојбата е сериозна.

Боре Видевски е еден од петтемина осомничени, од кои тројца се товарат за соизвршителство во тешките кривични дела две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден за помагање при грабнување малолетно лице и еден за помагање по извршено кривично дело. Првоосомничен за убиството на Вања и Панче е Љупчо Палевски-Палчо. Тој на првото рочиште кое се одржа на 20 септември изјави дека не ги извршил убиствата, а во писмо на социјалните мрежи целата вина ја префрли на Видевски.

Според обвинението, на 22 ноември 2023 година обвинетите извршиле грабнување на Панче Жежовски во Велес. На Жежовски му било пукано во главата, а возилото „цитроен“ било употребено за да го извршат следното злосторство – грабнување и убиство на малолетната Вања. Таа била грабната на 27 ноември 2023 година од влезот на нејзината зграда додека одела кон училиште. Според обвинението, сторителите ја ставиле во вреќа за спиење и ја сместиле во багажникот на возилото, каде Палевски, еден од обвинетите, ѝ пукал во главата. Жртвите биле пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ