Стотици шумски пожари избувнаа низ Грција од мај. Иако летните пожари се вообичаени во Грција, екстремно топлото и суво време поврзано со климатските промени ги прави пожарите почести и поинтензивни, велат научниците.
Повеќе од 560 пожарникари поддржани од доброволци, 17 авиони за водени бомби и 15 хеликоптери се борат со најновиот шумски пожар што избувна вчера во 15 часот по локално време во близина на Варнавас, 35 километри северно од главниот град.
До утринава пожарот се прошири на југ и гореше на неколку фронтови, вклучувајќи го селото Граматико, античкиот град Маратон, приморската општина Неа Макри и планината Пентели северно од Атина.
❌ #Greece Authorities Order Evacuation of Homes, Hospitals near Athens as #Wildfire Rages
A massive fire is out of control in the northern parts of Attica, #Athens.
The wildfires are spreading despite “superhuman” efforts to combat the flames, the fire brigade said. pic.twitter.com/Kmf183sjQX
— 𝕏 𝐁𝐫𝐞𝐚𝐤𝐢𝐧𝐠 𝐍𝐞𝐰𝐬 (@cheguwera) August 12, 2024
Силниот ветер постојано го менува правецот на пламенот. „И покрај тешките борби и натчовечки напори во текот на ноќта, пожарот многу брзо се прошири и стигна до планината Пентели“, изјави претставник на противпожарната бригада.
Противпожарните авиони ги прекинаа операциите во текот на ноќта и ги продолжија напорите во понеделник наутро. Полицијата помогнала во евакуацијата, а дел од жителите ја поминале ноќта во засолништа.
Fire in ancient Marathon, Greece! Horror view from our balcony! Safe for now, but we might have to evacuate soon! pic.twitter.com/0OoGQprEB2
— Performita (@performit4) August 11, 2024
Најмалку три болници во Пентели се евакуирани. Пожарот, со пламен висок до 25 метри, се прошири „како молња“ поради силните ветрови, изјави во неделата портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракогијанис.
Дебели облаци чад го затемнија небото над Атина во неделата навечер. Неколку часа подоцна пламенот гореше во близина на предградието Дионисос, на околу 23 километри североисточно од центарот на градот и околните области.
Премиерот Киријакос Мицотакис побрза да се врати во Атина од викенд на островот Крит за да го надгледува одговорот на пожарот, рече владин претставник, со сè уште свежи сеќавањата за пожарот во 2018 година во кој загинаа 104 луѓе во крајбрежниот град Мати, во близина на главниот град.
По најтоплата зима досега забележана и долгите периоди со малку или без врнежи, се предвидува дека Грција ќе го има најжешкото лето досега. Властите се во состојба на готовност поради шумски пожари до четврток, а метеоролошките експерти предупредуваат на „многу тешка недела“.
„Половина од Грција ќе биде во црвено“, рече во саботата министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас, наведувајќи ги температурите од околу 40 Целзиусови степени и силните ветрови.