Според пријавеното во СВР Тетово, претходно, околу 13:35 часот во дворот од џамијата во селото Стримница, Ф.Б., вербално го нападнал градоначалникот на општина Желино, а физички го нападнал И.И., татко на О.И., по што избегал.
„Околу 14 часот, според пријавеното, Ф.Б. дошол во угостителскиот објект каде бил О.И., по што настанала расправија и О.И. му нанел убодна рана на Ф.Б.. СВР Тетово во координација со јавен обвинител од ОЈО Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, информираа од МВР.