Во една од тие телеграми од 6 октомври 1933 година (C8743/2496/19) пишува дека Венизелос рекол дека југословенската влада треба да направи сериозни напори за „Славомакедонското“ население. Венизелос смета дека овие луѓе (Славомакедонците), од кои мал дел живеат во Грција, не повеќе од 60.000, не е чисти Бугари, туку дека се нешто помеѓу Бугари и Срби. Јас секогаш сум подготвен да им дадам училишта и други разумни малцински привилегии, им рекол Венизелос на британските дипломати.
Елефтериос Венизелос се виден грчки револуционер, државник, бил министер за надворешни работи и претседател на владата на Грција во неколку наврати од 1910 до 1933 година. Бил против обнова на монархијата и враќањето на кралот Константин, но не успеал во тоа. Венизелос имал големо влијание врз внатрешната и надворешна политика на Грција, и поради тоа му се припишува епитетот „создавач на модерна Грција“.
Во денешна Грција, членка на ЕУ, правата за кои Венизелос зборувал уште во триесетите години од минатиот век сѐ уште не се применети.
А.Д.