Министерот за надворешни работи Иван Хил кажа дека Вашингтон ваквата постапка ја правда со „мерки на принуда кои еднострано и незаконско ги наметнуваат низ целиот свет“, пренесува Би-би-си.
Венецуелската влада во соопштението наведе и дека „го задржува правото да преземе каква било правна акција за да ја надомести штетата нанесена на државата“.
САД вчера го запленија државниот авион кој го користи претседателот на Венецуела и го префрлија од Доминиканската Република на Флорида, соопштувајќи дека со неговата набавка се прекршени американските санкции, соопшти американското министерство за финансии.
Американските власти веруваат дека авионот бил незаконски купен за 13 милиони долари преку една нафтена компанија и дека нелегално бил префрлен во Доминиканската Република, според државниот обвинител Мерик Гарланд.
„Ова е порака дека никој не е над законот, никој не е надвор од досегот на американските санкции“, кажал еден американски функционер за Си-ен-ен.