Венеција претходно годинава воведе такса од пет евра дневно, а во 2021 година забрани влегување на големите бродови за крстосување во градското пристаниште.
Промените на туристичките правила доаѓаат откако експерти на Унеско минатата година предупредија дека Венеција би можела да биде додадена на листата загрозени места на културно наследство, бидејќи влијанието на климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени на градот.
Прекумерниот туризам се смета за еден од најголемите проблеми за Венеција, која има популација од околу 250.000 луѓе, но забележала над 13 милиони посетители во 2019 година.
Венеција доживеа егзодус на локалното население. Очо, здружение на граѓани кое го следи станувањето во градот, во неодамнешен извештај наведе дека историскиот кварт има околу 49.000 кревети кои туристите можат да ги изнајмат, што е повеќе од бројот кој им е достапен на локалните жители.
Унеско сепак не ја додаде Венеција на листата загрозени места на светско наследство, откако ги препозна обидите проблемите на островот да се решат преку системот против поплави и мерките за намалување на влијанието на масовниот туризам.