„Има итна потреба, која постои долго време, за поголема помош да стигне до Газа“, изјави тој за Ројтерс.
Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами изјави дека Израел мора да обезбеди заштита на цивилите и да ги отвори патиштата за да дозволи помош за спасување животи и дека состанокот на Обединетите нации ќе се позанимава со овие прашања. Тој додаде дека на повикот за итен состанок се приклучил и Алжир. Стармер нагласи дека Британија размислува за воведување санкции за израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич и за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир поради нивните коментари за конфликтот.
Претходниот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон, наводно, исто така, размислувал за санкции кон израелските министри пред тогашната владејачка Конзервативна партија да ги загуби изборите во јуни. На прашањето дали неговата влада би го санкционира Смотрич за коментарот дека гладувањето на цивилите во Газа е оправдано и Бен-Гвир затоа што рече дека сторителите на насилство меѓу доселениците на Западниот Брег биле херои, Стармер истакна дека забелешките се „одвратни“.
„Израел мора да ги преземе сите можни чекори за да избегне цивилни жртви, да обезбеди помош за Газа во многу поголеми количества и да им даде можност на хуманитарните партнери на ОН да дејствуваат ефективно“, рече британскиот лидер.