„Со празнувањето на Велигден, ние христијаните го славиме големиот настан што се случил по Исусовите страдања и смртта на крстот, како што севкупното велигденско таинство ни го пренесуваат евангелијата во Новиот завет. Велигден е празник, кулминација на сè што Бог направил во историјата на спасението. Исус, верен на својата мисија да го откупи човекот, ги прифати страданијата и смртта, токму како што пееме во велигденската химна од римскиот обред: „Човекот да го откупи, Синот го даде“. Но неговото тело не остана во гробот, туку воскресна од мртвите на третиот ден. Преку воскресението, Исус се открива како моќен Господ, жив и прославен“, вели на почетокот од честитката поглаварот на Каличката црква во Македонија, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов по повод празникот Воскресение Христово – Велигден.
Велигденска честитка до католичките верници од бускупот Киро Стојанов
ТОП ВЕСТИ