Тие посочуваат дека не е во ред сонгогледот од кој се произведува масло за јадење кое е социјална култура за прехрана на населението да се стави во луксузни култури заедно со ф’стаците и останатите луксузни култури.
Од велешка маслодајна потсетуваат дека тие последниве години како единствена компанија за производство на масло за јадење од сончогледовво семе во земјава направија големи напори и успеаја да го вратат сончогледот на македонските полиња. Воедно се и единствени кои преработуваат масло за јадење од сончоглед и кои го откупуваат од македонските земјоделци, иако им е поевтино како суровина да набавуваат сурово масло од странство.
Информираат дека веќе 20-тина дена се одвива откупот на сончоглед од македонските производители, кои поради високите температури годинава порано уште во август ја започнаа жетвата, а која изминатите години почнуваше во септември. Најпрво од производителите од Свети Николе и Куманово, а деновиве во фабриката во Велес се носи и сончоглед од Пелагонискиот регион.
Досега се откупени над илјада тони сончоглед, што за овој период е голема количина. Од „Кристал 1923“ поради подобриот род годинава планираат да откупат помеѓу 5 и 6 илјади или повеќе од ланските кога беа откупени 4 илјади тони сончоглед.
Инаку, откупната цена годинава е 23,5 денари за килограм плус ДДВ и е повисока од ланската која беше 20,5 денари плус ДДВ. Лани поради сушата и ниските приноси на сончогледот на иницијатива од „Кристал 1923“, земјоделците од Владата добија помош вонредна субвенција по плус 5 денари од килограм сончоглед предаден во прерабоувачки капацитет.