Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека З.Ш.(46) и А.Ш.(44) се приведени вчера бидејќи при претерс во домот на А.Ш. во Велес, каде престојувал и З.Ш., извршен со наредба од Основниот суд Велес, биле пронајдени и одземени 17 пакувања со зелена растителна материја, 42 семки и пари.
За случајот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.