„Околу 19:30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил назад во затворот и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари. Исто така, неговата 43 годишна сопруга пријавила дека околу 20 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал“, се појаснува во соопштението.
Затвореникот бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.