Оваа информација за Дневни аваз ја потврдил директорот на Комеморативниот центар во Тузла Фарук Латифагиќ. Тој тврди дека е неточна информацијата која ја објавиле одделни медиуми дека Сулејмановиќ бил погребан некаде кај Грачаница.
„Не е тоа точно. Телото и понатаму е во ладилник во Тузла. Никој не дојде да го преземе. И ние чекаме што ќе биде и кој и каде ќе го закопа. Сè останато се дезинформации“, кажа Латифагиќ.
Фикрет Сулејмановиќ, таткото на тројниот убиец, кажа дека се срами од својот син кој пред седум дена уби три лица. Ја потврди информацијата дека семејството нема да го преземе телото, кое веќе седум дена се наоѓа во Комеморативниот центар во Тузла.
На прашањето кој ќе го погребе убиецот, неговиот татко кажа дека тоа сигурно нема да биде тој.