„Интересно! Сами си создаваат као кобајаги проблеми, сами ги решаваат. Демек извршиле притисок и многу се силни. Реалноста е дека единствената промена е дека сајтот на Министерството за односи меѓу заедниците од еднојазичен, албански, стана повеќејазичен и застапени се јазиците на сите националните заедници во Македонија што може да се провери на мошне едноставен начин. Таквата промена бара време, изработка на нов сајт, ангажман на преведувачи, во нашиот случај успеавме тоа да го изведеме волонтерски. Инаку мора да се признае дека се мајстори за создавање на паралелна реалност, која навистина нема никакви допирни точки, ни со вистината ни со реалноста“, напиша Стоилковиќ на својот фејсбук-профил.
Веб страницата на Министерството за односи меѓу заедниците нема да биде само на албански
Интернет страницата на Министерството за односи меѓу заедниците досега беше само на албански јазик, како оставштина од претходниот министер Артан Груби. Иван Стоилковиќ, актуелниот министер за односи меѓу заедниците, одговарајќи на некои медиумски написи вели дека оваа интернет страница ќе биде на јазиците на сите национални заедници.
Објавено на
часот