Турнирот во Истанбул е дел од подготовките за претстојното Европско првенство што од 16 јануари ќе се одржи во Ајндховен, Холандија.
„Резултатите на турнирот во Истанбул не ни се во преден план. Сакаме турнирот да ни послужи за темпирање на формата пред Европското првенство“, вели селекторот Игор Гочанин.
Денеска во 20 часот нашите ватерполисти играат со домаќинот Турција, утре од 18.30 часот нѐ чека натпреварот со Холандија, а на 8 јануари е последниот дуел против Романија, утрото од 10.30 часот. Сите четири репрезентации на турнирот се учесници на претстојниот европски шампионат, со тоа што Турција и Холандија се токму во нашата група на ЕП 2012.
„Токму затоа пред Турците и Холанѓаните не сакаме да ги откриваме сите карти. Сепак, натпреварите против нив на ЕП ќе ни бидат далеку поважни“, вели селекторот.