понеделник, 14 октомври 2024

Васоски е нов тренер на Вардар, Хаџиевски е нов спортски директор

Објавено на

часот

Сподели

Рано во сезоната во Вардар се случи промена, на местото од Александар Баевски и Бобан Грнчаров, во тимот пристигнаа Ѓоко Хаџиевски и Александар Васоски.

„Со огромно задоволство ја соопштуваме веста, дека од денес за нов тренер на ФК Вардар е назначен Александар Васовски – Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година.

Покрај него, во клубот се враќа и големата спортска легенда Ѓокица Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со “црвено-црните” има освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа. Веруваме дека со неговото богато интернационално тренерско искуство и знаење, ќе биде од огромна помош за тренерот Васовски, но и за целокупниот тим.
 
Особено не радува искрениот пристап на двајцата тренери, кои веднаш и без размислување ја прифатија понудата на клубот. Сметаме дека спојот на професионализам и искуство и на желбата и знаењето, ќе биде темелот врз кој во понатамошниот период ќе се развива клубот, градејќи го постепено потребниот победнички менталитет“,
се вели во соопштението на Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ