Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и поранешен член на Управниот одбор на компанијата, беше близок соработник на поранешниот премиер Зоран Заев.
Официјално, осомничените се гонат за кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреби на службената должност со што се стекнале со противправна корист.
Во акцијата осомничени се вкупно 29 физички и 4 правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје. Меѓу осомничените се и Васко Стефанов, исто така поранешен директор на ЕСМ, Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК Битола, комерцијалниот директор на ЕСМ, Адријан Муча, Данчо Стојановски од Велес, кој бил комерцијален директор на ЕСМ пред Муча, Маја Јорданова од Велес, во својство на носител на договор за адитиви…