четврток, 12 декември 2024

Вашингтон ќе потроши шест милијарди долари за помош на Украина пред да дојде Трамп

САД ќе ги потрошат преостанатите шест милијарди долари посветени на Украина пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата претседател во јануари, изјави синоќа советникот за национална безбедност Џејк Саливан, кој предупреди на можноста американската поддршка за Киев да секне.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Надворешнополитичките прашања ќе бидат тема на средбата меѓу Џозеф Бајден и Доналд Трамп закажана во Овалната соба на Белата куќа за среда за да започне трансферот на власта.

„Претседателот (Бајден) ќе има можност да му објасни на претседателот Трамп како стојат работите и да разговара со него за начинот на кој тој планира да им пристапи на овие прашања кога ќе ја преземе функцијата“, рече Саливан во интервју за американската телевизиска мрежа Си-би-ес.

Бајден го презеде водството во меѓународната коалиција за поддршка на Украина, особено сега по руските воени победи и недостигот од војници.

Една од целите на администрацијата на Бајден во преостанатите месеци ќе биде „да ја стави Украина во најсилна можна позиција на бојното поле за да биде во најсилна можна позиција на преговарачката маса“, рече Саливан.

Трамп, од своја страна, повтори дека може да ја заврши војната „за еден ден“, но никогаш не кажа како ќе го направи тоа, веројатно во рамките на договорот со кој ќе се бара Киев да ѝ отстапи дел од својата територија на Русија, проценува АФП.

Кремљ денеска оцени дека републиканецот Трамп испратил „позитивни сигнали“ за време на изборната кампања во врска со конфликтот во Украина, бидејќи зборувал за можен „мир“ и не покажал „волја да ѝ нанесе стратегиски пораз на Русија“.

Саливан, исто така, рече дека очекува напредок на Блискиот Исток.

„Во одреден момент, израелската влада ќе сака да постигне договор што ќе им овозможи на нејзините граѓани да се вратат дома. Верувам дека тој (Бајден) не го прави ова поради американската политика, туку за да се обиде да го обезбеди Израел и очекувам напредок во наредните недели“, додаде Саливан.

Трамп има блиски односи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој ја нарече изборната победа на Трамп „огромна победа“. Нетанјаху рече дека разговарал со Трамп три пати во последните денови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ