четврток, 27 февруари 2025

Вардар жестоко му врати на Силекс: Единствената грешка ни беше што не ви дадовме 3-4 гола

Од ФК Вардар одговорија на вчерашните напади на ФК Силекс кој силно се пожали на судењето на куп натпреварот кој го загубија со 1-0.

Објавено на

часот

Сподели

Веднаш по вчерашниот натпревар меѓу Вардар и Силекс, кратовци прстот го вперија кон судиската тројка на чело со главниот судија Идризи Фуркан. Подоцна на ТВ Сител се појави и прилог во полза на кратовскиот тим.

Сега Вардар излезе со соопштение во кое жестоко му одговори на Силекс:

„Вардар не сака и нема да навлегува во расправии со примитивни и провинциски структури на фудбалското подземје и кладилничарската мафија во Македонија собрана во кратовскиот прволигаш.

Злоупотребата на истоимената телевизија од истоимениот клуб на феудалната фамилија е работа на немоќ и безидејност. И се коси со било кои новинарски стандарди, норми и морал.

За жал по Силекс, дојдено е времето на „новото нормално” на кое ќе треба да се привикнат, односно време каде нема нарачки на подобни судии кои треба да го обезбедат резултатот што спортски не можат и не заслужуваат да го постигнат.

Како што беше случај есеноска кога на Арената ни дадоа гол од офсајд во 95-та минута кој беше поништен, а потоа по долги „консултации” беше признат. Вардар тогаш не плачеше, се сврте кон себе и кон решавање на своите проблеми. Плачењето им го остави на размрсулавените плачковци.

Фактите кажуваат дека ФК Вардар вчера имаше посед на топка од 75%, 15 шута од кои 8 во рамките на голот и 6 стонастотни шанси. Нашите противници Силекс од Кратово, предводени од луѓе што го финансираат клубот од фиксирање натпревари, и кои своевремено го испаднаа Пелистер од првата лига, немаа ниту еден удар во рамките на нашиот гол.

Единствената грешка што вчера ја направи нашата екипа е што не му даде 3-4 гола на Мали Ѕинго. Затоа со душа ја чекаме средбата што меѓу нас и нив ќе се одигра во третиот круг од прволигашкото натпреварување, каде на терен ќе се покаже кој е кој“, стои во соопштението на Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ