Александар Васоски дебитира со бод на кормилото на Вардар, но „црвено-црните“ можат да жалат откако 50 минути играа со играч повеќе и во два наврати имаа водство.
На „Маџари“, Вардар поведе во финишот на првиот дел кога Љамалари направи пенал и беше исклучен, а Дарко Мицевески од белата точка донесе радост за публиката.
Селикс изедначи на стартот од вториот дел, Дарко Анѓелески убаво закачи еден полуволеј од 20 метри и го совлада Гачевски за 1-1.
По еден час игра, Вардар се врати во предност, Давид Велковски искористи еден кикс на гостинската одбрана и ја префрли топката преку голманот за 2-1.
Дарко Глишиќ потоа имаше зицер за 3-1 и предвреме да ги реши дилемите, но откако не погоди, казната стигна на пет минути пред крајот, по еден корнер, Ефтимов остана сам на подалечната статива и реализираше за 2-2.
На останатите денешни натпревари, Гостивар со 2-0 го совлада Работнички, а со истиот резултат, Шкендија славеше против Брегалница, додека пак на мечот помеѓу Македонија ЃП и Шкупи немаше голови.
ПРВА ЛИГА, 4. КОЛО
Вардар – Силекс 2-2 (1-0)
Мицевски 40 п., Велковски 60 – Анѓелески 52, Ефтимов 86
Македонија ЃП – Шкупи 0-0
Гостивар – Работнички 2-0 (1-0)
Потук 12, Селмани 80
Шкендија – Брегалница 2-0 (0-0)
Аганспахиќ 62, Дита 90+7
УТРЕ
Брера – Тиквеш
НА 27 СЕПТЕМВРИ
Воска Спорт – Струга
ТАБЕЛА: Брера 9 (-1), Шкендија 9 (-1), Тиквеш 6 (-1), Работнички 6, Брегалница 6, Силекс 5, Шкупи 5, Струга 3 (-2), Македонија ЃП 4, Воска Спорт 3 (-1), , Гостивар 3, Вардар 1.