Возбудувањата во ПМФЛ продолжија со драматично реми помеѓу Гостивар и Вардар во 19. коло.
„Црвено-црните“ беа многу блиску до триумф, но не изджаа во судиското надополнување.
При еден прекин, Глишиќ убаво нафрли а Мишковски во 85. минута донесе водство за Вардар од 0-1.
Сепак, во 91. минута Гостивар изедначи преку Слишковиќ, кој добро се снајде и ја затресе мрежата откако во прв момент Гачевски го сопре Кехинде.