вторник, 3 декември 2024

Вардар го доби дербито со Шкупи, Работнички падна од врвот

Вардар со 3-2 го победи Шкупи во дебито на Гоце Седлоски на клупата на црвено-црните, Работнички загуби на гостувањето кај Струга со 1-0 и се лизна од првата позиција на табелата.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар освои три многу значајни бода во битката за опстанок, а мечот против Шкупи не почна најдобро за црвено-црните.

Канда во 10. минута донесе водство за Шкупи од 1-0, но до крајот на полувремето Вардар успеа да го сврти натпреварот во своја полза.

Закариќ погоди од слободен удар, а на пет минути до крајот Николовски реализираше за 2-1.

Во вториот дел Шкупи тргна кон израмнување и тоа се случи во 76. минута кога Ибиши постигна гол за 2-2.

Но само седум минути подоцна капитенот на Вардар, Дарко Мицевски се најде на вистинското место, даде гол за победа на Вардар од 3-2.

Струга со гол на Кехинде во првото полувреме го победи Работнички со 1-0. Тимот од Дебар Маало падна на четвртата позиција.

Интересно беше во Тетово, во најефикасниот денешен меч Шкендија ја совлада Брера со 4-3.

Силекс со 1-0 го победи Пелистер, Гостивар беше најубедлив и со 4-0 славеше над Воска, Тиквеш и Беса одиграа реми без голови.

Резултати:
Вардар – Шкупи 3-2
Струга – Работнички 1-0
Шкендија – Брера 4-3
Силекс – Пелистер 1-0
Гостивар – Воска 4-0
Тиквеш – Беса 0-0

Табела: Шкендија 27, Гостивар 27, Силекс 27, Работнички 25, Струга 25, Шкупи 16, Пелистер 16, Брера 15, Беса 13, Воска 11, Вардар 11, Тиквеш 10.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ