Вардар ја имаше теренската доминација на почетокот од натпреварот, но не креираа конкретни шанси, најчесто кружеа околу шеснаесетникот на битолскиот тим кој одлично се бранеше.
Најдобрата шанса во првиот дел ја имаше Пелистер, Михаил Талевски шутираше кон голот на Вардар од одлична позиција, но Гачевски го одбрани неговиот удар. На одморот се отиде без голови.
Вториот дел Пелистер го почна подобро, имаше неколку обиди кон голот на Вардар, но безуспешно. Вардар претежно се обидуваше од контра напади да го загрози голот на битолчани.
Натпреварот беше решен во 86. минута кога напаѓачот на Вардар, Џибрил Дианеси погоди со глава за водство на црвено-црните од 1-0, што беше и конечен резултат.
Дербито имаше и голема посетеност, а Комити и Чкембари имаа свое шоу на трибините.