вторник, 3 декември 2024

Вардар бара смена на комесарот за делегирање на судии, Марјан Ристески

Фудбалскиот клуб Вардар преку соопштение ја известува јавноста дека бара разрешување на комесарот за делегирање на судии, Марјан Ристовски, од таборот на црвено-црните побараа и воведување на ВАР технологија.

Објавено на

часот

Сподели

Во Вардар сметаат дека тие се клубот кој е најоштетен од судиите во досегашниот дел од сезоната. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Со оглед на многуте гласни коментари на повеќето клубови од Првата и Втората МФЛ, ние како ФК Вардар започнуваме иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии, Марјан Ристески.

Воедно како клуб за неуспесите и поразите вината прво ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица и со оглед на фактите од изминатите 13. кола, може да се констатира дека Вардар е најоштетен во однос на судиските грешки. Ние никогаш јавно не излеговме со соопштенија и реакции за разлика од други клубови кои со мизерни реакции се обидуваат да ги негираат нашите победи.

Ние како клуб оставаме на телата и органите на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти.

Поради ова бараме и од останатите клубови поддршка на оваа иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии и радикални ставови на сите клубови за воведување на ВАР технологија за следната сезона.

Промената на раководството на судската асоцијација, поточно барањето за разрешување на Марјан Ристески, се припишува на неколку фактори, вклучувајќи ги проблемите кои гласно ги посочуваат клубовите од МФЛ по секое натпреварувачко коло и потребата за иновации од организацијата. Промените се бараат за поголема усогласеност со промената кон поголема транспарентност и одговорност, вкучувајќи значително учество на членовите во изборот на наследник кој ќе го води со фокус на модернизирање и зајакнување на судискиот систем“, пишува во соопштението на ФК Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ