Тотнем славеше против Манчестер јунајтед во првото дерби во 2. коло во Премиерлигата. Во возбудлив натпревар, домаќините се наметнаа во второто полувреме и стигнаа до трите бода.
Резултатот беше отворен во 51. минута, една топка дојде до Сар на втората статива а фудбалерот од средниот ред одлично се снајде и го матираше Онана за 1-0.
Победата беше потврдена во 83. минута, еден центаршут на Перишиќ по земја направи многу проблеми а Лисандро Мартинез последен играше и си ја затресе сопствената мрежа.
Гостите има за што да жалат откако пропуштија неколку добри шанси, а сметаа и дека треба да добијат пенал на 0-0 кога Ромеро играше со рака по шутот на Гарначо.