Елмас одлично се вклопи во Торино и веќе даде два гола по враќањето во Серија А.
„Големо прашање е дали Елмас е во Форма, мислам дека може да биде уште подобар. Задоволен сум од него и од другите две засилувања. Елмас е играч кој поседува одлична техника, затоа на моменти не трча премногу на теренот. Го оставам малку да се крие, а некогаш го исфрлам поофанзивно“, вели Ваноли.
Следниот предизвик на Торино е на гостински терен утре кај Парма од 15 часот.