вторник, 15 октомври 2024

Ванковска: „Црната листа“ на странска држава е над Уставот и законот

Кога бев дете на часовите по историја учевме за Обзнаната (во Кралството), и денес ми е тешко и да поверувам дека нам ни се случува нешто слично со Законот за рестриктивни мерки. Разликата е во тоа што во она време едно автократско кралство донело закон по своја волја, суверено, реагира професорката Билјана Ванковска, од пред два дена претседателски кандидат на Левица, за измените во Законот за рестриктивни мерки за кои денеска ќе расправаат пратениците во Собранието.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Денешната божем демократска држава ги подложува своите граѓани на волјата и на властите (и разузнавачките служби) на туѓи држави. Американските и британските граѓани имаат право на одбрана и уживаат презумпција на невиност, но овде „црната листа” на странска држава е над Уставот и законот.

Никој не знае како и зошто странски држави селектираат и ставаат на црна листа луѓе, особено во ситуација кога не се многу гадливи кога амнестираат и поставуваат на водејчки позиции лојални ликови (т.н. стабилократија).

Правото го прогласувам за умрено. Ни правична постапка, ни презумпција на невиност, ни доказна постапка, ништо…

Под превез на битка против корупција и организиран криминал, како колатерална жртва ќе отидат курбан и многу други кои геополитичките центри на моќ ќе сакаат да ги елиминираат со квазиправни средства.

Овие докажуваат дека не сакаат да водат држава, туку сакаат камшикарите да водат територија и по основ на т.н. хибридни закани. Пошпекулативен термин нема и отвора врата за ‘обзнана’“, напиша на својот фејсбук профил Билјана Ванковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ