вторник, 10 декември 2024

Ванг и Шојгу: Кина е подготвена да го зголеми нивото на меѓусебна доверба со Русија

Кина е подготвена да ја зајакне координацијата со Русија за прашањата кои ги засегаат безбедносните и развојните интереси на двете земји, како и да го зголеми нивото на стратешка меѓусебна доверба, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на консултацијата за стратешка безбедност со секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа година се одбележуваат 75 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Русија. Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа три пати оваа година и постигнаа голем број стратешки договори“, рече Ванг, пренесува РИА Новости.

Според него, механизмот за консултации за стратешки безбедносни прашања меѓу Кина и Русија е важна комуникациска платформа за двете земји, која ѝ служи на дипломатијата на двајцата шефови на држави.

„Подготвени сме да работиме со другарот Шојгу и другите руски колеги со цел, водени од консензусот постигнат од шефовите на двете држави, да ја зајакнеме нашата координација за стратешките и општите прашања кои влијаат на безбедносните и развојните интереси на двете страни, зголемувајќи го нивото на стратешка меѓусебна доверба и континуирано збогатување на содржината на стратешката соработка меѓу двете земји“, рече Ванг.

Шојгу рече дека Русија и Кина мора да се спротивстават на ограничувачката политика што ја спроведуваат САД и нивните сателити.

„Подготвен сум, заедно со вас, да продолжиме да вложуваме напори за спроведување на договорите постигнати од претседателот на Руската Федерација В.В. Путин и претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг по преговорите меѓу шефовите на нашите држави во Москва во март 2023 година, во Пекинг во мај оваа година, а исто така и на маргините на самитот ШОС во Астана и самитот БРИКС во Казан“, рече секретарот на Советот за безбедност на Русија.

Според него, најважна задача е спротивставувањето на политиката на „двојно ограничување“ на Русија и Кина што ја спроведуваат САД и нејзините сателити, дополнително зајакнување на координацијата на надворешната политика, вклучително и прашањето за изградба на евроазиска архитектура на еднаква и неделива безбедност.

Шојгу е во работна посета на Кина, при што ќе оствари средби со највисокото политичко раководство на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ