Руд ван Нистелрој доби шанса на привремена основа да го предводи Манчестер јунајтед и заврши одлична работа. На четири натпревари, тој забележа три победи и едно реми со гол разлика 11-3.
Попладнево, во неговиот последен натпревар на кормилото, „ѓаволите“ со 3-0 го совладаа Лестер.
Резултатот беше отворен во 17. минута, Диало со пета остави топка за Фернандеш, кој прекрасно погоди од работ на шеснаесетникот за 1-0.
Во финишот на првиот дел, Кристенсен си постигна автогол за 2-0 и веќе тука беше јасно дека бодовите ќе останат на Олд Трафорд.
Алехандро Гарначо во 82. минута маестрално погоди за 3-0 и стави точка на натпреварот.
На останатите два натпревари во Премиерлигата од 15 часот, Ипсвич го изненади Тотнем и славеше со 1-2 во Лондон, додека пак Њукасл со пресврт во вториот дел стигна до победа од 1-3 против Нотингем Форест.