По барање на поранешниот тренер на Вардар, кој сега го води Ваљадолид, Давид Писонеро, Карапалевски потпиша за шпанскиот клуб.
„Среќен сум што ќе играм за тим со голема традиција и што ќе работам со Писонеро по пет години во Вардар. Ми се допаѓа шпанскиот систем, досега покрај со Писонеро работев и со Раул, Парондо и Дејвис на клупско и на репрезентативно ниво. Затоа го одбрав Ваљадолид, тука можам да растам како играч“, изјави Карапалевски.
Добредојде на Карапалески му посака Димитар Димитриоски кој веќе настапува за Ваљадолид.