Техничкиот зафат што го презема ЈП Водовод и канализација е поврзано со излевањето на ул. „Никола Парапунов“ на затварач Ф700мм за кој имаше информации во јавноста.
„Со изготвување на сложен оперативен план за санација, опфатена е покрај оваа локација и санација на уште три дефекти на затворачи по должината на главниот цевковод Ф1600мм и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со ул. „Никола Парапунов“. Затворањето ќе биде извршено на затварач Ф1600 кој локациски се наоѓа во кругот на касарната во Ѓорче Петров, со што во моментот на отпочнување со санација неопходно е затворање на вода на главниот градски цевковод Ф1600мм“, објавија од Водовод и канализација.
Оттаму велат дека затворање на вода на главниот градски вод Ф1600мм се прави еднаш на педесет години, а последно такво затварање било 1991/1992 година за реализација на водоводен приклучок на бунарското подрачје Лепенец.
„За решавање на дефект од овој тип се изготви оперативен план со кој поефикасно и побрзо ќе се санира истиот. Со овој зафат покрај тоа што се врши санација на дефектите на претходно споменатите затворачи, дирекно ќе се намали загубата на вода од нивно протекување и ќе овозможи ревитализација на потегот од Ѓорче Петров до Карпош.
Системска промена на 5 децении стари затворачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна со цел зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа. Со воспоставувње на зони како адекватен метод за контрола на загубите на вода се овозможуваат услови за значително редуцирање на времето потребно за санација на дефекти, а овој зафат е дел од фундаменталната стратегија во намалување на загубата на вода во водоводниот систем. Почеток за реализација на оперативниот план и затоарање на вода во главниот градски цевковод Ф1600 е планирано да отпочне од 21.12.2024 година, а ќе трае до завршување на интервенцијата“, се вели во соопштението на ЈП Водовод и каналиација, во кое се замолува за трпение и разбирање од страна на граѓаните.