Во сообраќајната несреќа изутрината на магистралниот пат Прилеп-Битола, на излезот од градот кај селото Лагово загинаа Александар Ристески, специјалист радиолог, гинекологот Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска кои долги години работеа во битолската болница Плодност.
Несреќата се случила при судир на патничко моторно возило тојота во кое биле медицинските лица и товарен камион. Поради силината на ударот избил пожар.
До овој момент делницата на патот Прилеп-Битола се уште е забранета за сообраќај, и сообраќајот се пренасочува по алтернативни патишта.