сабота, 15 март 2025
На маргините на Минхенската безбедносна конференција

Утре се среќаваат македонскиот и бугарскиот министер за надворешни работи

Според неофицијални информации на Мкд.мк, утре, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, договорено е да се одржи првата средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Георг Георгиев.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа средба треба да биде прв контакт во живо на претставници на македонската и на бугарската политичка влада, која го презема мандатот пред еден месец. Македонскиот министер Муцунски, уште истиот ден, телефонски му го честиташе преземањето на функцијата на неговиот бугарски колега Георгиев.

Примарна тема на разговор на средбата меѓу Муцунски и Георгиев се очекува да биде одблокирањето на почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, односно предлогот на македонската влада за одложено дејство на уставните измени, кои ги бара Бугарија за внесување на бугарското малцинство во македонскиот устав. Според предложената преговарачка рамка, т.н. француски предлог, внесувањето на Бугарите како малцинство во македонскиот устав е услов за отворање на поглавјата за Македонија во преговарачкиот процес со ЕУ. Предлогот на актуелната македонска влада е уставните измени да бидат изгласани во Собранието за да се отворат поглавјата за преговарање, но ефективно да стапат во правна сила со влезот на Македонија во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ