недела, 10 ноември 2024

Утре продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, ќе сведочи мајката

Утре, в понеделник, 14 октомври , продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, извршено на крајот од ноември, минатата година.

Објавено на

часот

Сподели

За утрешното рочиште најавено е сведочењето на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска.

Четворицата обвинети Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов претходно се изјаснија за невини. Мајката на Вања побара исклучување на јавноста за да се заштити приватноста на семејството, но судот сепак не го прифати нејзиниот предлог.

Според обвиненијата, обвинетите испланирале грабнување на девојчето за да принудат член на семејството да плати откуп. Грабнувањето и убиствата, се случија во ноември 2023 година. Првообвинетиот Палевски, тогаш избега во Турција и таму полицијата го уапси во градот Баликесир. Целиот регион беше шокиран од исчезнувањето на девојчето, но и од фактот кој потоа се откри, дека се работи за двојно убиство.

Пред утрешното рочиште, еден од обвинетите, Боре Видевски, по неколкудневниот престој во болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка и е во добра здравствена состојба.

Претходно закажаното судско рочиште за овој случај беше одложено поради престојот на Видевски во Клиниката за нефрологија, кој имал проблеми со бубрезите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ