„Претседателските избори ќе бидат распишани на 14 февруари затоа што тоа е моја уставна обврска, обврска што произлегува од Уставот. Во Уставот пишува од 70 до 90 дена од одржувањето на избори. Фактички првиот круг на претседателските избори е 24 април, што значи 70 дена назад тоа е 14 февруари и тогаш ќе бидат распишани претседателските избори. Сè уште не сум донел одлука дали во исти ден ќе се распишат и редовните парламентарни избори. Правам некои консултации со службите во Собранието. Ако нема пречка зошто тоа не би го направил и во истиот ден, рече Митрески во интервју за МИА.
Во однос на член на Државната изборна комисија, во Комисијата за избори и именување има два предлози. „Мојот предлог беше двата предлози да дојдат до пленарната седница, да се разгледуваат на пленарната седница, да се отвори дискусија и да се затвори дискусијата до моментот на одлучување, односно до гласање затоа што избор на член на Државната изборна комисија се врши со двотретинско мнозинство, треба 80 пратеници. Ако сум информиран, ако добијам информација дека е обезбедено двотретинско мнозинство за еден од членовите тогаш предлогот би го ставил на гласање за да го обезбедиме и последниот член во Државната изборна комисија“.