вторник, 8 октомври 2024

Уставниот суд одлучи долговите наместо за пет да застаруваат за десет години

Уставниот суд денеска укина делови од Законот за облигационите односи во делот на застарување на долговите на граѓаните и фирмите. Согласно одлуката рокот на застареност на побарувањата на доверителите од пет се враќа на десет години.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно, Собранието со измените на Законот за облигационите односи, го скрати рокот на застареност на побарувањата на доверителите од десет на пет години со тоа што застареноста да има повратно (ретроактивно) дејство.

Како што посочи на денешниот брифинг за медиуми, судијката Ана Павловска Данева, известителка за предметот, одлуката се заснова на причините што Собранието не внимавало на забраната на повратно важење на законите, како и на уставната обврска да овозможи преоден период за прилагодување на граѓаните на новата правна состојба, која се однесува на објавување на измените во Службен весник.

Согласно Уставот, како што појасни Данева, исклучок од споменатото правило за објава во Службен Весник е дозволен, но Собранието не дало одговор до Уставниот суд, ниту пак во образложението на предлог-законските измени не се осврнало на причините и целите за правење на ваков исклучок, со што Судот се сомнева дека се нарушени легитимните очекувања на граѓаните како и нивната правна извесност.

Уставниот суд во јуни годинава поведе постапка за оценување на уставноста на дел од Законот за облигационите односи, откако во јануари годинава по истиот овој закон не поведе постапка.

Како што информираа оттаму, тогаш Уставниот суд ја искористи деловничката можност како и уставно-судската пракса повторно да отвори расправа дали законот е во согласнот со Уставот, врз основа на тоа што е направена подлабока анализа и е изнесена дополнителна аргументација, како и врз основа на фактот дека овој пат Судот одлучуваше во полн состав.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ