недела, 6 октомври 2024

Уставен суд расправа за спогодбата помеѓу Владата и Макпетрол

Објавено на

часот

Сподели

„Во иницијативите меѓудругото се  наведува дека оспорениот закон не е во согласност со член 8, 51, член 55, 98 од Уставот на Република Македонија. Со донесување на оспорениот закон според подносителот, Собранието врши повреда на начелото на уставност и законитост, начелото на владеењето на правото и начелото на поделба на власта бидејќи презело во своја надлежност прашање што спаѓа во облигационо-правните односи и што требало да се реши со судска или вонсудска спогодба или со пресуда. Се наведува и дека оспорениот закон е спротивен на јавниот интерес, бидејќи во него не било наведено кој го плаќа данокот на капитална добивка, ниту пак дали на државата би ѝ следувала дивиденда од добивката. Подносителот смета дека Спогодбата за решавање на спорот нема карактер на меѓународен договор и како приватна вонсудска спогодба таа не може да биде ратификувана од страна на Собранието, ниту пак да биде вметната како составен дел на законот. Наведено е дека оспорениот закон е во спротивност со Уставот кој гарантира еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот со антимонополската клаузула од член 55 од Уставот“, информираа од Уставниот суд.

Собранието во декември 2020 година донесе Закон за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол со кој се уредува начинот на решавање на спорот настанат во врска со изградбата на гасоводниот систем во Македонија.

Целта на законот, пишува во него, е да се обезбеди заштита на имотот и имотните права и интереси на Македонија и нејзиниот понатамоше развој.
 
 
 
 

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ